МЗТ Скопје очекувано славеше против Фени и закажа полуфинале со Блокотехна

Актуелниот македонски првак, МЗТ Скопје очекувано триумфираше над екипата на Фени индустри со резултат од 115-68. Во третата четврфинална пресметка во Купот на Македонија, „металци“ на стартот беа изненадени од пристапот на кавадарчани при стартот на средбата, но во продолжението остварија рутинирана победа и закажаа полуфинален дуел со Блокотехна.

Фени беше рамноправен противник на тимот од Аеродром во воведните минути, но кошаркарите на Жељко Лукајиќ со додатни напори ја освоија првата четвртина и од таму почнаа да ја преземаат контролата на мечот. При тоа беа 100% прецизни од линијата за три поени, МЗТ ги погоди сите шест шутеви од далечина во првите 10 минути. Тројките беа главно оружје на македонскиот шампион и во продолжението, одново реализираа шест шутеви, но промашија исто толку, што не беше проблем бидејќи веќе остварија сигурна предност од 64-49 по првото полувреме. До самиот финиш на средбата „металци“ го декласираа тимот од Кавадарци за влез во фајнл-форот.

Одлично издание имаше плејмејкерот на МЗТ, Џордон Крафорд кој заврши како најефикасен кошаркар на средбата со поени, при тоа неговиот учинок беше импресивен, погоди 7/8 од поле, од кои шест обиди беа за три поени. По 13 поени додадоа Трајковски, Лалиќ и Спасојевиќ. Дени Лоухорн и Јане Петровски беа најрасположени меѓу кошаркарите на Фени со 23, односно 17 поени.

МЗТ Скопје во полуфиналето од Купот на Македонија ќе се сретне со дебитантот Блокотехна.

Се вчитува...