МЗТ Скопје останува во игра: Црвена Звезда го совлада Борац Чачак

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ги задржа шансите за опстанок во регионалната АБА лига, откако актуелниот шампион Црвена Звезда вечерва го совлада Борац Чачак на гостински терен со 82-87.

По израмнетата прва чевтртина во која гостите имаа предност од само два поени 17-19, во вториот дел „црвено-белите“ заиграа подобро и на пауза меѓу двете полувремиња заминаа со позитива од плус осум 34-42.

Во вториот дел успеаја рутински да го приведат мечот до самиот крај за конечни 82-87. Факундо Камапцо со 22 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Хејл заврши со 28 поени.

За МЗТ Скопје да остане во игра за бараж во АБА во последното коло треба на домашен терен да слави против хрватска Цибона, додека Борац да загуби од Будуќност.

Се вчитува...