МЗТ Скопје повторно има МВП во АБА2

Ѓорѓе Милошевиќ одигра извонреден натпревар за МЗТ Скопје во Словенија, предводејќи го „металците“ до значаен триумф на гостувањето против Рогашка.

Српскиот кошаркар, кој се покажува како одлично засилување веднаш по доаѓањето во таборот на „аеродромци“, постигна 30 поени, 11 скокови, имаше и три асистенции за вкупно 39 индексни поени за 37 минути на теренот. Со тоа, Милошевиќ апсолутно заслужено се закити со признанието, МВП на 14. коло во АБА2 лигата, оставајќи ги зад себе Кенан Камењаш со 32 индексни поени и Дарио Дрежњак со 30 индексни поени.

Милошевиќ со 30-те постигнати поени беше најдобар стрелец во изминатото коло од АБА2-лигата.

Се вчитува...