МЗТ Скопје против Спартак Суботица во битка за финале во АБА 2 лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 19 часот на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ против Спартак Суботица го играат полуфиналето од АБА 2 лигата.

Тренерот на „металците“, Васко Атанасов ја потврди решеноста кај сите во тимот за победа на мечот, упатувајќи апел за што поголем број навивачи во „Јане Сандански“ кои ќе помогнат да се дојде до посакуваната цел.

Атанасов е убеден дека се може до победа во битката за финале во АБА 2 лигата.

Влезот за утрешниот натпревар во „Јане Сандански“ е бесплатен.

Се вчитува...