МЗТ Скопје „раскина“ со Радуловиќ и Морнар

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија МЗТ Скопје Аеродром, ги раскина договорите со Србинот Бојан Радуловиќ и Хрватот Марин Морнар. Нивното заминување е во контекст на неодамна најавените промени во ростерот на тимот во пресрет на решавачкиот дел од сезоната во двете домашни натпреварувања и АБА2-лигата.

Морнар одигра 18 натпревари во регионалното натпреварување со просек од 5,1 поени и 2,7 кока, додека Радуловиќ настапи на 11 средби со просек од 2,5 поени и 2,8 скока. Нивните места во составот веќе ги пополнија турскиот интернационалец Рагип Атар и Американецот Феми Олуџоби.

„Металците“ настапите во АБА2 лигата ги продолжуваат веќе в четврток кога во „Јане Сандански“ ќе го пречекаат српскиот Динамик, а веќе викендов ги чека второто вечно дерби сезонава кога на домашен терен ќе го пречекаат Работнички.

Се вчитува...