МЗТ со одлична трета четвртина го совлада ТФТ

МЗТ Скопје го совлада ТФТ во дуелот во 12. коло во Првата кошаркарска лига. „Металците“ на крајот победија со 10 разлика, 91-81, иако во последниот период се закануваше тимот од Тафталиџе да ја стигне големата предност на МЗТ која ја имаше по третиот период.

Токму третиот период беше клучен за победата на „металците“, откако на полувремето двете екипи заминаа во „егал“.

Во третата четвртина МЗТ го доби со 19 разлика (28-9), и тоа на крајот се покажа како одлучувачки. ТФТ во четвртиот период направи 12-0 на стартот, и стигна на -7, но избраниците на Николиќ на крајот се разбудија, и успеаја да фатат ритам и да ја задржат предноста, и покрај тоа што ја загубија со 18-9.

Најефикасен беше Мичовиќ кој постигна 34 поени, а имаше и 17 скока.

Се вчитува...