МЗТ со „стотка“ против Чаир се загреа за Борац Чачак

МЗТ Скопје ја запиша 16. победа во Првата кошаркарска лига откако во последниот натпревар од 18. коло славеше на гостувањето во „Шабан Трстена“ против дебитантот во „елитата“ на македонската кошарка Чаир 2030 со 79-113.

Актуелниот шампион победата ја наговести од самото отварање на натпреварот. До двоцифрена предност стигна уште во петтата минута (7-17), а продолжи да го диктира резултатот до самиот крај на средбата, притоа надминувајќи ја границата на сто постигнати поени со што имаше само полесен тренинг пред најголемиот предизвик во досегашниот дел од сезоната – дуелот за опстанок во АБА лигата против Борац Чачак во сабота.

Со 16 поени и 5 асистенции, односно 16 поени и 5 скока лидери на Чаир 2030 беа Роби и Мохамед, додека со 24 поени и 7 скока најрасположен кај МЗТ Скопје беше Миќовиќ. Него го следеше Кук со 16 поени, 6 скока и 5 асистенции.

Се вчитува...