МЗТ убедлив над ТФТ за искачување на второто место во АБА 2

МЗТ Скопје дојде до осмата победа во АБА 2 лигата, откако вечерва убедливо го совлада составот на ТФТ со 69-95. „Металците“ уште од самиот старт на мечот го презедоа водството, а ТФТ добро парираше само во втората четвртина, но немаше сили за подвиг.

Во салата „Пецара“ во Широки Бријек, само на почетокот МЗТ имаше негатива, а потоа откако го презеде водството, не го испушти до крајот на средбата. Како одминуваше времето, само се зголемуваше, за на крајот да дојде до највисоките +26 со кои ја обезбеди победата.

Најефиксен беше Баковиќ кој запиша 22 поени, а него го следеше Делалиќ со 18.

Со оваа победа „металците“ се искачија на второто место со скор од 8-3, и ист скор како и Војводина. На првото место е Суботица со скор 9-2. ТФТ, пак, го запиша деветиот пораз и сега е на 13 место на табелата.

Се вчитува...