МЗТ, во драматична завршница, тешко и со судии до втора победа против одличниот Маџари

Кошаркарите на МЗТ Скопје дојдоа и до втората победа за 2-0 во финалната серија против Маџари во битката за титулата во македонскиот шампионат, низ крајно драматичен меч во кој на крајот и со помош на судиите, по исклучувањата на двајцата гостински тренери, дојдоа до тримфот против одличниот Маџари.

„Металците“, овој пат низ далеку подраматична завршница дојдоа до триумфот од 81-76, низ крај кој дефинитивно не е за гордеење на домашните.

На самиот старт МЗТ наметна ритам за стекнување предност, па водени пред се од Смит-Мекевен и од Војдан Стојановски, првата четвртина ја добија со 23-17. Во еднаков стил се продолжи и низ вториот период од играта, овој пат добивајќи ја втората четвртина убедливо со 24-14, за предност од +16 на полувремето од 47-31.

Во второто полувреме далеку подобра на паркетот екипата на Маџари, која тргна далеку поагресивно во одбраната и сигурно во нападот. Домашните успеваа да одржуваат контрола на резултатот низ третиот период од играта, сепак гостите добивајќи ја третата четвртина со 19-22.

А, во последната четвртина продолжение на одличниот ритам на Маџари, за доаѓање до крајно неизвесна завршница. Откако по бројни судиски грешки Маџари остана без тренерот Тодоровиќ кој, не можејќи повеќе да молчи на неправдите, доби техничка грешка за исклучување, а потоа беше исклучен и неговиот помошник Тасевски, гостите, сепак, како да добија крилја по сето тоа за одлични последни три минути. Па, на 40 секунди до крајот избраниците на Миодраг Тодоровиќ дојдоа, со поените на Армстронг, до негатива од само 79-76.

Но, немаа гостите сила за целосен пресврт, на крај за победа на МЗТ Скопје од 81-76.

Најефикасен во победничкиот тим беше Смит-Мекивен со 19 поени, а Војдан Стојановски запиша 18 поени. Кај гостите Левис постигна 25 поени, а Армстронг заврши со 17 постигнати поени.

Се вчитува...