На 51.издание на ИКАС ќе учествуваат 64 кајакари

Скопје претстојниов викенд ќе биде домаќин на 51. Илинденски кајак слалом. Традиционалното натпреварување е во организација на Кајакарската федерација на Македонија, а со поддршка на АМС.

„Оваа година ќе имаме натпреварувачи од 10 земји кои се во врвот на светскиот кајак. Што се однесува до македонските натпреварувачи, можеме да атакуваме и на првото место. Ангелче Петрушевски е квалитет за највисоки дострели“, изјави Коста Ефтимов, претседател на Кајакарската федерација на Македонија.

На патеката на Матка, на годинашниот ИКАС ќе се појават 64 натпреварувачи од 10 земји кои ќе бидат поделени во шест категории. Квалификациите се утре, а финалните трки се на програмата в недела.

Се вчитува...