На чекор до Барса: Циндриќ не сака да остане во Кјелце

Лука Циндриќ во следниот период ќе го комплетира трансферот во Барселона за наредната сезона, откако веќе им ставил до знаење на челниците на Кјелце дека нема намера да остане во овој клуб. Полскиот клуб се соочува со финансиски проблеми, па ќе го искористи договорот со Циндриќ за добро да ја наплати неговата преселба во каталонската престолнина.

„Преговорите траат подолго време, мислам дека набрзо ќе се договориме. Лука јасно ни кажа дека не сака да остане и ние ќе го почитуваме неговиот став. Секако, тој е под договор со нас, но јас секогаш сум велел дека играчите не се робови на клубот и ако сакаат да си заминат, тоа треба да им биде овозможено. Преговорите се во тек, мислам дека за неколку седмици се ќе биде решено“ – изјави првиот човек на Кјелце, Бертус Сервас.

Хрватот поради повреда пропушти голем дел од сезонава, но се врати во вистински момент и беше еден од најзаслужните што Кјелце приреди сензација во четвртфиналето од Лигата на шампионите, елиминирајќи го големиот фаворит ПСЖ.

Се вчитува...