На денешен ден пред осум години: Кожув и Работнички играа за жртвите од поплавите во Србија

На денешен ден точно пред осум години во Гевгелија се играше меч од полуфиналето во плејофот од македонскиот шампионат, во кој се сретнаа Кожув и Гевгелија, дуел што ќе остане запаметен по хуманитарниот карактер бидејќи управата на Кожув реши сите пари од мечот да ги донира за жртвите од поплавите во Србија, по големата елементарна непогода што го зафати северниот сосед во тој период.

Гевгеличани ја наполнија салата до последното место, а бодрени од верните навивачи кошаркарите на Кожув одиграа фуриозен меч славејќи со преубедливи 87-51.

Резултатот останува запишан како најубедлива плејоф победа во историјата на Кожув, исто како и гестот на првиот човек на клубот, Томе Главчев, кој тогаш донираше 2.000 евра од продадените влезници, плус дополнителни 5.000 евра свои сопствени средства како помош за погодените од поплавите.

„Македонците се наши браќа, тоа го потврдуваат кога е најтешко“, пишуваа српските медиуми за оваа иницијатива на Главчев и КК Кожув.

Се вчитува...