Герет Бејл имаше тежок период во Реал Мадрид кој заврши со враќање во Тотенхем. Во англискиот состав тој ќе биде како позајмен играч. Во интервју за „Скај спортс“ вели дека нема дилеми дека го направил вистинскиот чекор.
„По се што се случи не жалам за ништо. Се што беше зборувано за мене и се што ми беше направено оди на честа на оние кои го правеле тоа. Мене ми е најважно дека јас сум чист пред себе и пред моето семејство. Што ќе мислат другите за мене не ме интересира“ – вели Бејл.
Бејл вели дека со одењето во Реал Мадрид пораснал и како фудбалер и како човек особено што трасферот во друга земја со поинаква култура многу му помогнало пред се во личниот развој. Бејл во моментов се опоравува од повреда и нема да може веднаш да биде на располагање во Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА