На Годин му „пукна филмот“, си оди од Интер

Диего Годин пристигна како големо засилување во Интер, но не требаше многу време за да „пукне тиквата“ меѓу уругвајскиот дефанзивец и тренерот Антонио Конте.

Трофејниот стратег има точна замисла како очекува да играат неговите фудбалери, од друга страна Годин смета дека има доволно искуство за понекогаш да тргне напред „на своја рака“, со што уште повеќе го фрустрира Конте. Токму тоа е причината поради која Уругваецот се почесто седеше на клупата, а шанса пред него добиваше младиот Бастони. Годин бил особено навреден откако тоа се случи и на последното дерби против Јувентус, што „нероаѕурите“ го загубија со 2-0 и шансите за скудетото си ги сведоа на минимум.

Тој е решен да си замине, интерес покажуваат клубови од Јужна Америка, но Годин би сакал да се врати назад во Ла Лига, по можност во Атлетико Мадрид, тимот каде ги мина најубавите моменти во кариерата. Договорот на Уругваецот со Интер истекува во јуни 2022 година, но Конте веќе дал зелено светло за тој да може да си замине летово без никаква отштета, како што впрочем и пристигна на “Џузепе Меаца“.

Се вчитува...