На Конгресот во Доха: ФИФА ги суспендираше Пакистан, Зимбабве и Кенија поради мешање на политиката во фудбалот

ФИФА меѓу една од првите свои одлуки за време на дводневниот Конгрес во Доха, Катар, ја изгласа целосната суспензија за Пакистан, Зимбабве и Кенија поради мешање на политиката во фудбалот.

Федерациите на трите земји се исклучени поради одлуки на владите за контрола на фудбалските федерации, со влијание во именувањето на челниците на фудбалот. Суспендирани се од сите меѓународни натпреварувања под капата на ФИФА.

„Ова е порака и за сите оние национални федерации каде веќе се чувствуваат политички влијание над фудбалот, и тоа буквално на сите континенти. Тоа нема да го дозволиме никаде во светот, затоа што политиката апсолутно не смее да има никакво влијание врз фудбалот“ – порачаа од ФИФА.

На Конгресот во Доха учествува и делегација од Фудбалската федерација на Македонија предводена од претседателот Муамед Сејдини, а во која се и потпретседателот Лазар Ракиџиев и генералниот секретар Филип Поповски.

Се вчитува...