На крилјата на Халанд и Санчо – „милионерите“ си го добија трофејот во Купот на Германија (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд го освои трофејот во Купот на Германија откако во финалето славеше против Лајпциг со 1-4.

„Милионерите“ трофејот си го обезбедија со три погодоци уште во првото полувреме. Најпрво Санчо уште во 5. минута погоди за 0-1.

Потоа, Халанд во 28. минута донесе водство од 0-2, а Санчо со својот втор гол во 45. минута заокружи на 0-3 по првите 45 минути.

Откако Лајпциг ублажи со голот на Олмо во 70. минута, на крајот Халанд во 87. минута ги постави конечните 1-4.

Се вчитува...