На Макај му требаа десет секунди: Пред 12 години е постигнат најбрз гол во историјата на ЛШ

На денешен ден пред 12 години постигнат е најбрзиот погодок во историјата на Лигата на шампионите. Стрелец на голот беше Рој Макај кој на реванш дуелот од 1/8 финалето во десеттата секунда стрелаше за водство на Баерн Минхен против Реал Мадрид.

Шпанската екипа пристигна во Минхен со предност од 3-2, но доживеа ладен туш уште во 10. секунда откако Рој Макај го искористи додавањето на Хасан Салихамиџиќ и ја смести топката зад грбот на Икер Касилјас.

 

 

Интересно е тоа што првиот удар на натпреварот го имаа играчите на „кралскиот клуб“, по што следуваше грешка на Роберто Карлос. Натпреварот заврши со победа од 2-1 и поминување на Германците во наредната фаза во кое Баерн е поразен од освојувачот на титулата Милан.

Се вчитува...