„На Манчестер Јунајтед му се потребни три или четири фудбалери за титула во Премиер-лигата“

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил вели дека и покрај добрите резултати по рестарт на сезоната на клубот му се потребни три или четири засилувања доколку сака да биде конкурентен за освојување на трофејот во Премиер-лигата следната сезона.

„Овој тим на Јунајтед е многу подобар од тој што беше во минатите две сезони. Но, се уште се далеку од освојување на титула. Манчестер Јунајтед се петти во Премиер-лигата. Имаат тим со млади и перспективни фудбалери, но потребни се барем уште три или четири трансфери за да може да се борат за титулата“, вели Невил. 

Јунајтед во последното коло од Премиер-лигата го совлада Брајтон со 0-3, а до крајот на шампионатот од сите конкуренти има најлесен распоред.

Се вчитува...