На Манчестер Јунајтед му се расчистува патот кон Бруно Фернандеш

Манчестер Јунајтед е во добра позиција да го реализира трансферот на фудбалерот кој е една од главните цели летово, Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон за кого англискиот тим би платил 70 милиони фунти.

Ова откако дојдоа информациите дека останатите два премиерлигаша кои исто така беа заинтересирани за Фернандеш, Ливерпул и Тотенхем се повлекуваат од трката. Проблем за Јунајтед беше што и двата клуба ќе играат во Лигата на шампионите следната сезона, а секако и се во подобра позиција и во Премиер-лигата со оглед дека Солскјер го рекомпонира составот.

Но, англиските медиуми тврдат дека Ливерпул и Тотенхем се откажуваат од битката за Фернандеш и со тоа драстично се олеснува ситуацијата за Јунајтед.

Се вчитува...