На Мурињо повторно му се виновни судиите: УЕФА е премногу строга…

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо одново ја најде вината во судиите за поразот на неговиот тим на гостувањето во Лондон кај Челси.

Мурињо е познат по тоа што често ги напаѓа арбитрите каде и да отиде. Бенфика со автогол беше поразен од Челси со 1-0, а на крајот англискиот тим го заврши со 10 играчи, затоа што Жоао Педро доби црвен картон во 96. минута.

„Мислам дека Педро можеше да добие втор жолт картон многу порано. УЕФА е премногу строга во придржувањето на правилата. Имаше таков пример во минатото во Истанбул, како што беше со Флорентино Луис. Инцидентот со Отаменди исто така иницираше црвен картон. Играта дефинитивно ќе се променеше ако Педро добиеше исклучување порано“, рече Португалецот.

Се вчитува...