На Нејмар му здодеа во ПСЖ, на лето сака во Реал Мадрид?!

Бразилецот Нејмар ја „тресеше“ фудбалска Европа со својот трансфер од Барселона во Пари Сен Жермен минатото лето, а би можел да направи уште поголем земјотрес по завршувањето на оваа сезона. Според влијателниот „Л’Екип“, Нејмар размислува за заминување од „Паркот на принцовите“ по само една сезона, затоа што француското првенство му е здодевно, и нема вистински предизвик со ПСЖ. Оттаму уште повеќе се разгореа шпекулациите дека тој би можел спектакуларно да се врати во Шпанија, и тоа во најголемиот ривал на неговиот поранешен тим, Реал Мадрид.

Флорентино Перез најави дека на лето ќе прави голема реконструкција во составот, а Нејмар е неговиот главен „пик“. Би бил тоа фантастичен маркетиншки потег, што претседателот на „кралевите“ умее да го прави дефинитивно најдобро, но исто така и врвно засилување за составот. Новиот трансфер на Нејмар би изнесувал повеќе од 300 милиони евра, и нема да биде единствен. Се најавуваат и нови засилувања во нападот, а во опција се Еден Азар, Хари Кејн, Мохамед Салах, Роберт Левандовски…

Се вчитува...