Новак Ѓоковиќ и одбивањето на виза за настап на Австралија Опен продолжуваат да бидат тема на разговор во светот. Српскиот тениски ас и покрај медицинската дозвола за настап без примена вакцина на првиот АТП турнир не успеа да влезе во островската земја и беше депортиран во Србија по едно неделено фијаско.
На оваа тема сега говореше и Тим Хенман кој вели дека на Србинот нема да му биде лесно да ја продолжи кариерата доколку не прими вакцина против Ковид-19.
„Кога ќе размислам за фијаското со Новак, тоа беше потполн хаос. Во тој спор немаше победник. Тоа што се случи не беше добро ни за Тениската федерација на Австралија, ниту за нивата Влада. Разочаран сум што не го гледав Новак на Австралија Опен, не само јас, разочарани беа и навивачите, а и самиот Новак. Се надевам дека нема да биде ист случајот и во иднина, но што да прави човекот? Мислам дека на Новак нема да му биде лесно да ја продолжи кариерата без вакцина бидејќи нема да може да патува во многу држави. Изборот е негов, но како навивач на Новак се надевам дека набрзо ќе се врати на теренот“, вели Хенман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА