На Португалците не им треба Кристијано за лесно да го решат Азербејџан

Португалија забележа рутинска победа во квалификациите за СП 2022 откако без многу мака на гостински терен го совлада Азербејџан со 0-3. Кристијано Роналдо доби зелено светло за предвремено напуштање на репрезентативната база, но Португалците и без помшта на капитенот лесно стигнаа до нови бодови.

Целата работа беше завршена уште во првото полувреме, во кое Португалија поведе со 0-2. Бернардо Силва постигна гол за водство откако со извонреден волеј стрелаше по центаршутот на Бруно Фернандеш, а неколку минути подоцна Андре Силва зголеми на 0-2 на асистенција на Жота.

Конечните 0-3 во второто полувреме ги постави токму Жота, кој се најде осамен на пет метри од противничкиот гол и со прецизен удар со глава го матираше португалскиот голман.

Се вчитува...