На ПСЖ му нема рамен во Франција, си знае и Марсеј

Пари Сен Жермен ја покажа својата класа на дербито против Олимпик Марсеј, совладувајќи го ривалот со убедливи 3-0. Со новиот триумф „светците“ се зацврстија на врвот на табелата и итаат кон шампионската титула.

Уште во десеттата минута, Килијан Мбапе го отвори резултатот и најави сигурна победа за својот тим. До крајот на првото полувреме уште еднаш се тресеше мрежата на Олимпик Марсеј, а ја погоди дефанзивецот на гостите Роландо, постигнувајќи автогол.

Во 55.минута, Единсон Кавани зголеми на 3-0, по што и дефинитивно беше јасно дека трите бода остануваат на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...