Раководството и сопствениците на Манчестер Јунајтед ги разгледуваат сите можни опции по поразот во неделата од Бормут, но одлука се уште не е донесена.
Според англиските медиуми, Мајкл Керик вчера требало да има слободен ден, но попладнето бил забележан како пристигнува со автомобил во тренинг-центарот на Јунајтед.
Се претпоставува дека тој разговарал со челниците на клубот, а англиските медиуми исто така дознаа дека извршниот директор Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс, по неделниот пораз, биле во телефонска комуникација со Џоел и Аврам Глејзер, како и со Џим Ретклиф, со надеж дека овојпат ќе донесат одлука што ќе го насочи Јунајтед во вистинската насока. На Керик му преостануваат уште 18 месеци од договорот, но со оглед на неодамнешните резултати, малку е веројатно дека тој навистина ќе остане тренер на Јунајтед толку долго.
Еди Хау, Јулијан Нагелсман и Антонио Конте се споменуваат како можни наследници на Англичанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
