На „Стожице“ како дома: Досега продадени 6.000 билети, а околу 2.000 ќе бидат Македонци

ЕКИПА во Љубљана,

Никола Ѓуровски

Македонската репрезентација очигледно ќе има повеќе од сериозна поддршка вечерва на „Стожице“ во Љубљана на квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП 2020 против Словенија.

Како што информираат домаќините досега се продадени околу 6.000 билети за денешната пресметка на стадионот кој е со капацитет од 16.000 седишта, со тоа што очекувањата се да има околу 2.000 македонски навивачи. Веќе е најавено присуството на нашинци кои живеат и работат во Словенија, Австрија, Хрватска, Италија…, а дополнети со неколку групи фанови кои во текот на вчерашниот ден пристигнаа во Љубљана од Македонија.

Од Словенечкиот фудбалски сојуз известуваат дека проценките се на стадионот „Стожице“ вечерва да има нешто повеќе од 10.000 навивачи. Натпреварот меѓу Словенија и Македонија во рамките на 2. коло од Групата Г во квалификациите за ЕП 2020 стартува со почеток од 20:45 часот.

Се вчитува...