На трпението му дојде крај: Милан му даде отказ на Монтела

Италијанскиот калчолигаш Милан донесе одлука да се раздели со досегашниот тренер Винченцо Монтела. По вчерашното реми без голови против Торино на „Сан Сиро“, раководството на клубот имало итен состанок, и како што информираат медиумите на Апенините, одлучи да му даде отказ на Монтела.

Неговото место засега ќе го пополни Џенаро Гатусо, една од играчките легенди на клубот, кој работеше во младинската академија на „росонерите“.

Раководството на Милан пред почетокот на сезоната вложи повеќе од 150 милиони евра во нови засилувања, а клубот имаше големи амбиции. Но, во моментот има огромни 18 бода негатива во однос на лидерот Наполи.

Уште еден калчолигаш го промени тренерот. Сасуоло се раздели со Кристијан Буки и на негово место го доведе Бепе Јакини.

Се вчитува...