На уште еден италијански клуб му се заканува одземање на бодови

Фудбалерите на Сампдорија би можеле да потпишат спогодбен договор, со кој би се откажале од платите за декември 2022 година, и на тој начин би спречиле на клубот да му одземат два бода. Сампдорија е во големи финансиски проблеми, а раководството на клубот до утре мора да им исплати три плати на фудбалерите.

„Туто Меркато“ објави дека играчите се договораат со своите агенти и адвокати околу потпишување на спогодбите со кои Сампдорија не би морала да ја исплати платата за последниот месец од минатата година, и би имала пари за други насобрани долгови. Италијанските медиуми наведуваат дека играчите би можеле да ги добијат парите во иднина низ бонуси.

Сампдорија се наоѓа на претпоследното место во Серија „А“ со 11 бодови, и евентуално одземање на два бода би ја направил битката за опстанок речиси невозможна за избраниците на Дејан Станковиќ.

Претходно на Јувентус му беа одземени 15 бодови поради финансиски малверзации.

Се вчитува...