На Вардар добро му оди во Брест, домаќините сонуваат подвиг

ЕКИПА во Брест,

Катерина Павлова Николовска

Една од четирите СЕХА титули, Вардар пред две години ја освои токму на Ф4 турнирот во Брест. Беше тоа во неверојатната 2017 година кога „црвено-црните“ триумфираа во регоналното натпреварување победувајќи го Веспрем, а нешто повеќе од еден месец подоцна ја покорија и Европа.

Сега Вардар се надева дека Брест повторно ќе биде среќен за нив и дека од белорускиот град ќе тргне кон нова успешна пролет и во Лигата на шампионите.

Ракометарите пак на Мешков очекуваат домашниот терен да им биде сериозна предност во дуелот со бранителот на титулата.

„Бидејќи играме дома се надевам дека ќе имаме предност. Нашите навивачи ќе ни дадат голема поддрѓка против Вардар. Пред две години на домашен терен загубивме од Веспрем, но се надевам дека Вардар не е силен колку што беше Веспрем во 2017 година. Нашиот сон е да одиме во финалето“ – вели Симон Разгор.

Играчите на Мешков се надеваат дека конечно, на големиот јубилеј на градот, 1000 години од постоењето на Брест, ќе освојат пехар во СЕХА.

„Сметам дека шансите се 50-50, двете екипи имаат квалитетни играчи, се познаваме многу добро. Се надевам дека поддршката од навивачите ќе ни донесе предност. Иако имавме само два дена да се опоравиме од елиминацијата во Лигата на шампионите, се надевам дека на годишнината на Брест ќе додјеме до финалето“ – вели Андреј Јуринок.

Дуелот во „Викторија Арена“ почнува во 19 часот по македонско време.

 

 

 

 

Се вчитува...