На Вардар му судат Исланѓани, за Работнички судии од Северна Ирска, за Шкендија – Австријци

Македонскиот првак Вардар в среда, со почеток во 19 часот, го игра првиот меч против Малме во рамките на квалификациите за Лигата на шампионите, а мечот ќе го судат судии од Исланд. Главен судија е Торвалдур Арнасон, а ќе му помагаат Јохан Гудмундсон и Гулфи Мар Сигурдсон. Четврти судија ќе биде Гунар Јарл Јонсон.

Работнички и Шкендија своите мечеви ќе ги играат в четврток. „Романтичарите“ на комплексот на ФФМ, со почеток во 18 часот, ќе го пречекаат Динамо Минск, а правдата ќе ја делат судии од Северна Ирска. За главен судија е одреден Арнолд Хантер, а ќе му помагаат Ричард Стоури и Дејвид Андерсон. Четврти судија ќе биде Ли Филип Тавиндер.

Шкендија в четврток во 18 часот ќе биде домаќин на Хелсинки, на стадионот „Младост“ во Струмица. Судиите за овој меч се од Австрија. Главен судија е Маркус Хаметер, а негови асистенти се Кристијан Риглер и Роланд Ридел. Четврти судија е Рене Ејснер.

Се вчитува...