Наби Кеита кариерата ќе ја продолжи во Германија

Репрезентативецот на Гвинеја и до неодамна член на Ливерпул, Наби Кеита кариерата ќе ја продолжи во Вердер Бремен.

Овој 29-годишен играч за врска потпиша договор до летото 2026 година, а изненади многумина со изборот на нов клуб.

Ливерпул го зеде од Лајпциг во 2018 година за 65 милиони евра. Кеита во Вердер пристигнува како слободен играч, а претходно играше за Хороја, Истрес, РБ Салцбург и РБ Лајпциг. За Ливерпул одигра 129 натпревари, постигна 11 гола и забележа седум асистенции.

Се вчитува...