Начевски и Николов го судат дуелот Германија – Унгарија

mec baner

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Германија и Унгарија, кој е на програмата денеска со почеток во 17.45 часот.

Ова е натпреварот на денот во Групата Ц во Руен, на третиот ден од Светското првенство во Франција. Во оваа група денеска се играат и дуелите Белорусија – Чиле (14.00 ч.) и Хрватска – Саудиска Арабија (20.45 ч.).

Денеска се играат и првите три натпревари во Групата Д во Париз: Катар – Египет (14 ч.), Шведска – Бахреин (17.45 ч.) и Данска – Аргентина (20.45 ч.).

Во Групата А  во Нант на програмата е само првиот дуел од 2.коло меѓу Јапонија и Франција. Другите четири репрезентации од оваа група, натпреварите од 2.коло ќе ги одиграат утре.

Слободен ден денеска е и за репрезентациите од нашата Група Б во Мец.

Се вчитува...