Начевски и Николов ќе му судат на Манасков на Ф4 во Келн

Македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе бидат дел од фајналфор турнирот во Келн, како уште една потврда на нивните способности и авторитетот што го имаат наметнато во ракометна Европа.

ЕХФ денеска ја објави листата на судии за сите натпревари од овогодишниот Ф4 турнир, при што на Николов и Начевски им беше доделен првиот полуфинален натпревар, во кој во 15.15 часот на 1 јуни силите ќе ги одмерат Веспрем и Кјелце. Со тоа, македонските арбитри ќе му судат на нашиот репрезентативец Дејан Манасков, кој ќе се обиде да стигне до своето прво финале на фајналфор тунирите од Лигата на шампионите.

За судии на второто полуфинале меѓу Вардар и Барселона (18 часоот, 1 јуни) се избрани Летонците Сондорс и Лицис.

Германија нема свој претставник на овој фајналфор турнир, па затоа за судии на големото финале се избрани Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг.

Се вчитува...