Начо го напушта Реал и се сели во Милано?

Италијанскиот калчолигаш Милан е во потрага по нов дефанзивец и по се изгледа ќе мора да оди на изнудена варијанта затоа што првиот „пик“ Никола Миленковиќ од Фиорентина е прескап за „росонерите“. Раководството на Милан се врти кон нова опција и ќе се обиде на „Сан Сиро“ да доведе одбранбен фудбалер на Реал Мадрид.

Начо е на излезна врата од „Сантијаго Бернабеу“, а Милан и Реал Мадрид имаат одлични односи во последните неколку години и тој лесно би можел да заврши во „црвено-црниот“ дел од Милано. Двата клуба би можеле да го договорат трансферот на едногодишна позајмица со право на откуп за 15 милиони евра.

Претходно, од Реал Мадрид во Милан пристигнаа и Тео Хернандез и Брахим Дијаз.

Се вчитува...