Надал без проблеми до 3. коло, лесна победа и на Медведев

Рафаел Надал без пгоолеми проблеми се пласираше во 3. коло на првиот грандслем во сезоната Австралија опен, откако со максимални 3-0 (6-1, 6-4 и 6-2)славеше над Американецот Мајкл Мо.

Шпанецот во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева дека може да направи нешо повеќе во натпреварот. Интересен момент се случи пред крајот на вториот сет кога една госпоѓа на трибините влезе во конфликт со шпанскиот тенисер. Се почна со нејзиното константно довикување од трибините, за на крајот Надал и самиот да побара од обезбедувањето да реагира. Блондинката тогаш се надмина себе си, покажувајќи му среден прст на второрангираниот светски тенисер.

Лесно до 3. коло стигна и Русинот, Данил Медведев кој со максимални 3-0 (6-2, 7-5 и 6-1) славеше над Шпанецот Карбаљес-Баена.

Се вчитува...