Надал без проблеми во 1/4 финалето на Австралија опен

Шпанецот Рафаел Надал без проблеми се пласираше меѓу најдобрите осум на Австралија Опен, откако утрово го елиминираше Манарино од Франција, убедливо со 3-0 во сетови.

Шпанецот имаше проблеми само во првиот сет, за кој мораше да игра тај-брејк, а потоа во вториот и третиот сет го „збриша“ противникот со 2-6, 2-6, и обезбеди место во 1/4 финалето.

Таму ќе игра против Шаповалов од Канада, кој успеа да го совлада Зверев од Германија со 0-3, по сетови 3-6, 6-7 и 3-6.

Се вчитува...