Надал: Добро е што го имаме Новак на Австралија опен

Вториот светски рекет и рекордер со 22. гранд-слем титули Рафаел Надал пристигна во Австралија. Шпанецот ќе ја предводи репрезентацијата на својата земја на „Јунајтед купот“ во Сиднеј.

Тоа ќе биде неговиот последен тест за Австралија опен, кој почнува на 16. јануари во Мелбурн и каде Рафа ја брани титулата освоена минатата година. За разлика од 2022 година, еден од неговите ривали ќе биде Новак Ѓоковиќ, кој минатата година беше депортиран од Австралија поради тоа што не беше вакциниран.

„Новак е тука. Тоа е добро за тенисот, можеби дури и за навивачите. Ќе видиме што ќе се случи. Најдобриот секогаш победува на крајот“, изјави Шпанецот.

Се вчитува...