Надал доминантно до нова титула од Роџерс купот

Рафаел Надал дојде до 35-та титула од Мастерс 1000 турнирите, петта од Роџерс купот добивајќи го и повеќе од лесно финалето против Данил Медведев. Шпанецот комплетно го надигра рускиот тенисер, го победи за само еден час и 11 минути ја доби пресметката со 2-0 во сетови.

Надал загуби три гема во воедниот сет, а во вториот беше дополнително доминантен. Не му дозволи на Медведен ниту еден гем, Русинот освои сам два поена на сервис на Надал во вториот сет.

Данил Медведев дебитираше во финалињата на турнирите од Мастерс 1000 серијата, од понеделник ќе биде највисоко рангираниот тенисер на АТП листата.

 

 

 

Се вчитува...