Поранешната шпанска тенисерка Гарбиње Мугуруза смета дека нејзиниот сонародник Рафаел Надал е подготвен да се пензионира.
Во четвртокот Надал го откажа настапот на Лејвер купот во Берлин.
Во изјава за Tennis.com, Мургуруса го погледна случајот на Надал од нејзина перспектива. Таа се пензионираше во април годинава.
„Бев подготвена за откажување. Животот ми испраќаше сигнали во физичка смисла. Со нетрпение го очекував следното поглавје“, рече Мугуруза.
„Тој е толку подготвен за пензија,н еговото тело, ум… Време е да ужива во своето дете. Го гледав како се смешка цело време додека беше со бебето. Се прашував зошто е уште на терен? Нека си оди дома, се качи на бродот и оди во Мајорка. Мислам дека тој даде се што имаше“, заклучи шпанската тенисерка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА