Надал емотивно: Дел од мене умре кога Федерер се пензионираше

Рафаел Надал повторно проговоре за крајот на кариерата на Роџер Федерер, упатувајќи бројни комплименти на адреса на тенискиот великан со кого делеше безброј извонредни моменти на терените ширум светот.

„Некој кому му се воодушевував, кој ми беше голем ривал, но со кого делев прекрасни работи, си замина од тенисот. Сите оние моменти, сите гранслем финалиња, големи мечеви на важните турнири, тоа беше нешто незаборавно и неповторливо за било кој друг меч, без разлика против кого играв. Затоа, кога Федерер се повлече се почувствував како да умрел дел од мене, бидејќи никогаш веќе нема да ги чувствувам истите работи како кога играв против него“, изјави Надал.

Шпанецот и Швајцарецот одиграа вкупно 40 дуели на тениските турнири ширум светот, при што Надал имаше импресивни 24 победи наспроти само 16 на Федерер.

И самиот Рафаел Надал се мачи со најразлични повреди, а шпанските медиуми најавуваат дека и тој самиот наскоро ќе му каже збогум на тенисот.

„Моето време ќе дојде кога треба да биде крај. Мислам дека сум прилично добро подготвен за животот по завршувањето на кариерата бидејќи во животот имам работи кои ми се подеднакво важни како и играњето тенис“, прокоментира Рафаел Надал.

Се вчитува...