Надал го издржа налетот на Беретини за финале на Австралија опен!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е првиот финалист на Австралија Опен!

Надал во полуфиналната пресметка славеше против Италијанецот Матео Беретини во четири сета, со 6-3, 6-2, 3-6 и 6-3.

Шпанецот го издржа налетот на Беретини во третиот и четвртиот сет и сосема заслужено обезбеди место во финалето на првиот грандслем турнир оваа година.

За својата рекордна 21. грандслем титула Надал ќе се бори против подобриот од второто полуфинале меѓу Данил Медведев и Стефанос Циципас.

Се вчитува...