Надал: Го почитувам сечие мислење, сакам Ѓоковиќ да игра на сите турнири

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал истакна дека не се согласува во се со Новак Ѓоковиќ, но дека би сакал првиот рекет во светот да учествува на најголемите турнири во текот на сезоната. Српскиот тенисер беше депортиран од Австралија и го пропушта првиот Грен слем годинава.

Иако Србинот имал исклучок од задолжителната вакцинација против коронавирусот, тамошните власти одлучија дека присуството на Ѓоковиќ во Мелбурн не е од јавен интерес.

„Го почитувам мислењето на сите. Ставовите на Ѓоковиќ и моите се сосема различни во моментов. Бројките покажуваат дека голем број луѓе починале од коронавирусот. Сепак, се уште постојат луѓе кои се сомневаат во ефектите на вакцината. Јасно е дека не знаеме сто проценти што се случува со вакцината, но сигурно знаеме кои се последиците од вирусот и дека бројот на смртни случаи би бил многу поголем да не била вакцината. Почитувам сечие мислење“, рече Надал.

Се вчитува...