Надал го „реши“ и Опелка и продолжи да чекори кон титулата во Индијан Велс

Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на првиот АТП Мастерс 1000 турнир сезонава во Индијан Велс, откако во осминафиналето славеше над Американецот, Рејли Опелка со 2-0 по сетови 7-6 и 7-6.

Првиот сет ниту еден од тенисерите не успеа да стигне до брејк, а Шпанецот го реши добивајќи го тај-брејкот со 7-3. Во вториот сет Американецот прв стигна до брејк, но Надал успеа да го врати и да го одведе и вториот сет во тај-брејк. Таму повторно беше подобар Шпанецот со 7-5.

Таму за противник го чека Австралиецот, Ник Кирјос кој без борба го доби натпреварот против Италијанецот, Јаник Синер. Во четвртфиналето се пласираа и Србинот Миомир Кецмановиќ кој го изненади шестиот носител Матео Беретини од Италија, како и Тејлор Фриц кој беше подобар од Де Минаур.

Се вчитува...