Надал и Барти рутински до трето коло на Австралија опен

Рафаел Надал успешно ја прескокна и втората пречка на Австралија опен откако со максимални 3-0 славеше над Германецот, Јаник Хафман по сетови 6-2, 6-3 и 6-4.

По тешка борба во пет сета пласман во третото коло обезбеди и Канаѓанецот, Денис Шаповалов кој беше подобар од Кореецот Сонво Квон со 3-2 (7-6, 6-7, 7-6, 5-7 и 2-6). Пласман во третото коло обезбедија и Италијанецот, Матео Беретини, како и Србинот Миомир Кецмановиќ кој најдобро го искористи тоа што Новак Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија.

Кај дамите Ешли Барти продолжува да гази откако во првото коло дозволи само еден гем на Украинката Цуренко, денеска на Италијанката, Бронзети и дозволи само еден повеќе (6-1, 6-1). Пласман во третата рунда обезбедија и Азаренка, Свитолина, Бадоса и Киз.

Се вчитува...