Надал и Ѓоковиќ се мачеа ама се пласираа во осминафиналето во Париз

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се пласираа во осминафиналето на Мастерсот во Париз.

Ѓоковиќ многу потешко од очекувањата го совлада домашниот тенисер Корентино Моуте добивајќи го првиот сет во тај брејк, а вториот го доби со 6-4.

Рафаел Надал, пак, и тоа како се мачеше во првиот сет против Адриано Манарин добивајќи го со 7-5, а во вториот, речиси идентична ситуација, со тоа што овој пат Надал направи брејк во десеттиот гем за 6-4. Надал во осминафиналето го очекува пресметката со Швајцарецот Стан Вавринка.

Се вчитува...