Надал ја продолжи низата од 17 победи по ред, и 42 освоени сета едноподруго!

Рафаел Надал ќе игра во полуфиналето на турнирот во Барселона откако со 2-0 во сетови славеше против Мартин Клижан, тенисерот кој претходно во второто коло на турнирот го елиминираше Новак Ѓоковиќ.

Шпанецот славеше со 6-0 и 7-5 во сетови, за еден час и 45 минути игра, продолжувајќи ја на тој начин низата од 17 едноподруго победи.

Надал има и низа од 42 освоени сета по ред, успевајќи и денеска да се извлече пред Словакот кој имаше шанса да го „украде“ пред него вториот сет.

Се вчитува...