Надал ја загуби првата позиција на АТП листата: „Не бев доволно добар против Тим“

Рафаел Надал загуби од Австриецот Доминик Тим во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид со 5-7,3-6, па на тој начин ја прекина неверојатната серија од 50 едноподруго добиени сетови на земја.

„Секако дека сум разочаран. Се обидов да се борам, но не бев доволно добар. Тим беше подобар и заслужено победи“ – истакна Надал, кој сега ја загуби и првата позиција на АТП листата на која од понеделник повторно ќе биде Швајцарецот Роџер Федерер.

„Една од најтешките работи е да се победи Рафа на земја. Затоа оваа победа ми е толку посебна, да го победите во неговата дневна соба во Мадрид… Беше неверојатно“ – рече Тим по вчерашниот меч.

Австриецот во полуфиналето ќе игра со Кевин Андерсон од Јужноафриканската република.

Се вчитува...