Надал ќе биде подготвен за завршниот Мастерс

Рафаел Надал ќе биде подготвен за својот прв натпревар на завршниот Мастерс во Лондон, изјави неговиот тренер Карлос Моја.

Надал минатата седмица без борба го предаде мечот од полуфиналето во Париз против Денис Шаповалов поради проблем со стомачните мускули, велејќи дека сака да биде подготвен за турнирот во Лондон.

„Во средата работевме на терените на „Квинс“, а во четврток го имавме и првиот тренинг во „О2“ арената. Тренингот помина добро, одиме чекор по чекор. Рафа почна и да сервира, за првпат по Париз. Напредокот е евидентен. Би требало да биде подготвен за мечот во понеделник“, изјави Моја. 

Надал првиот натпревар на Мастерсот ќе го има против бранителот на трофејот од минатата година, Германецот, Александер Зверев.

Се вчитува...