Надал плачеше по пласманот во финалето: Ќе дадам се од себе да го освојам Австралија опен

Рафаел Надал го обезбеди за себе 29. грандслем финале откако во полуфиналната пресметка славеше против Италијанецот Матео Беретини.

Шпанецот сега ќе се обиде да стане само четвртиот тенисер во историјата кој ги освоил сите грандслем турнири најмалку по двапати.

„Мислам дека првите два сета против Беретини ми беа најдобри досега на турнирот. Матео потоа покажа дека е одличен и навистина ме изнамачи, па морав под силен напор да ја обезбедам победата и да дојдам таму каде што сум. За мене Австралија опен сега е пред се друго. Имав доста проблеми во мојата кариера со повредите, едвај стигнав до трофеј тука во 2009 година и сега навистина сакам да го повторам тој успех. Ќе дадам сега се од себе да го освојам повторно Австралија опен“ – истакна Надал по денешната победа над Беретини, не криејќи ги и солзи по пласманот во финалето.

Се вчитува...