Надал маршира во Мадрид, лесен триумф над Монфилс

Земјата е омилена подлога на Рафа Надал. Тој е едноставно несовладлив кога се игра на ’црвеница’, а тоа го почувствува денеска и Гаел Монфилс. Шпанецот славеше со 2-0 во сетови и демонстрираше врвна класа. Го освои првиот сет со 6-3, а во вториот беше уште поубедлив, со 6-1 во гемови.

Покрај тоа, Надал е и на чекор до соборување на еден голем рекорд за 50 последователно освоени сетови без ниту еден да загуби. Со денешниот триумф над Монфилс, стигна до 48 сета, следниот меч ќе значи и израмнување на ова постигнување.

Се вчитува...